Wednesday, November 16, 2005

Средба на ЗПВРМ Шекеринска со Генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис


Заменикот претседател на Владата на Република Македонија Радмила Шекеринска денес (14 ноември 2005) се сретна со Генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис. Достигнувањата кои ги постигнавте минатата година се важни за иднината, рече Дејвис на почетокот на средбата. Тој изрази задоволство од позитивните промени кои ги гледа во Македонија и нагласи дека Советот на Европа е целосно отворен за соработка и помош во остварување на целите на Македонија .Вице- премиерот информираше за повеќе реформи при што нагласи дека кога се зборува за права, Македонија ги има законските постулати чија имплементација се одвива со добро темпо и секојдневно се подобрува. Таа ги образложи промените кои се прават со имплементацијата на Охридскиот договор, децентрализацијата и промената на изборните закони и кои влијаат врз подобрување на состојбите во Македонија.
Извор: http://www.sei.gov.mk/

1 comment:

Anonymous said...

Ideas, Hofstra Law Review's "Back-to-the-Future" Feature
The Hofstra Law Review has an introduced a new feature called " Ideas ." Each "Idea" is a 3-to-10 page essay.
Find out how to buy and sell anything, like things related to georgia highway construction on interest free credit and pay back whenever you want! Exchange FREE ads on any topic, like georgia highway construction!

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov