Friday, November 25, 2005

И Скопје во семејството на европските градови

Градот Скопје од 19 до 22 ноември присуствуваше на Генералното собрание на организацијата "Еуро ситис", во градот Лион. Според претставниците на градските власти, нашата метропола до 2006 г. треба да добие и асоцијативен статус во оваа мрежа која вклучува 124 европски градови. Главната придобивка на членството во една ваква организација, како што вели Ловрен Маркиќ, шеф на кабинетот на градоначалникот Костовски, е реализирање на билатерална и мултилатерална соработка со голем број градови од Европа и светот, како и можност за лобирање во креирањето на програмата на Европската комисија. - На извршниот одбор на "Еуро ситис" минатиот месец беше одобрено и Градот Скопје да стане член на мрежата во која градовите треба да исполнуваат одредени критериуми, меѓу другото, тие да имаат над 250 илјади жители и да се уплати и членарина од 4000 евра на годишно ниво. Во организацијата членуваат сите главни градови на државите-членки на Европската унија, како и оние што имаат добиено статус на кандидат, објаснува Маркиќ. Тој додава дека на годинешното собрание е донесена и декларација која повикува на поголема меѓународна соработка, солидарност меѓу градовите, при што особено значење е дадено на зајакнување на позицијата на градот и на локалните и регионалните власти во однос на национаните организации.
Извор: Вечер

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov