Friday, December 02, 2005

Соработка меѓу Службените весници на ЕУ и на Македонија



Делегација од ЈП Службен весник на Македонија од 8-ми до 10-ти ноември престојуваше во работна посета на Службениот весник на ЕУ, со седиште во Луксембург. Главна тема на работната средба биле XML - технологиите во издавањето-публикувањето на Службениот весник на ЕУ и воведувањето на овие стандарди и технологии во Службениот весник на РМ .Генералниот директор на Службениот весник на ЕУ, Томас Кранфилд на средбата македонската делегација предводена од Борис Тренески, директор на ЈП Службен весник, искажал задоволство за постигнатите резултати и покажаниот интерес од македонскиот Службен весник за развој на новите технологии за унапредување на дејноста во електронското издавање на прописите и прилагодувањето со Европските стандарди.На серијата средби се разговарало за повеќе теми меѓу кои и за Базите на податоци на ЕУ: EUR-LEX, CELEX и PRELEX, при што било препорачано користење на базата на EUR-LEX. На оваа база на податоци е сместен EUROVOC - речникот на поими и термини што се употребуваат во ЕУ, преку кој лесно можат да се пребаруваат прописите на ЕУ.EUROVOC е мултилингвален речник (се издава на 11 јазици) и ги опфаќа сите области во кои Европската Унија е активна и истиот се користи од страна на Европскиот парламент, Службениот весник на ЕУ, националните и регионалните парламенти во Европа, националните владини служби и од соодветните Европски организации.Во врска со заедничката соработка во издаваштвото, било укажано дека ЈП Службен весник на РМ може да учествува и во заеднички издавачки проекти на заедничко публикување на одредени изданија.
Извор: СЕИ

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov