Wednesday, May 10, 2006

9 мај – Денот на Европа

Првиот чекор за создавање на денешната Европска унија е направен на 9 мај 1950 година. На овој ден во Париз, францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман пред меѓународниот прес пул прочита декларација со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Она што Шуман го предложи е создавање на наднационална европска институција, со мандат да управува со индустриите за производство на јаглен и челик, базични индустрии за градење на воената моќ. Останатото е историја. На самитот во Милано 1985 година лидерите на земјите членки се договорија 9 мај да се прославува како денот на Европа како симбол на мирот и солидарноста. Денес ЕУ има 25 земји членки обединети во многу сфери на општественото уредување. За илустрација европското законодавство групирано во 35 поглавја е испишано на над 100.000 страници.Денот на Европа пригодно и работно се прославува и во Република Македонија во организација и соработка помеѓу Делегацијата на Европската комисија во Македонија, Секретаријатот за европски прашања во Владата на РМ, Европското движење на Република Македонија и многу други невладини организации. Претставници на Секретаријатот за европски прашања учествувааа на трибини во Кочани, Штип и Охрид, како и на меѓународна конференција „Европскиот апсорпционен капацитет и проширувањето“ одржана во Скопје. По повод 9 мај СЕП организираше и квиз „ЕУфорија“ на Меѓународниот саем на книгата. Централниот настан во Македонија годинава се одржи на 6 мај во Охрид. Во останатиот дел од 3 до 9 мај беа организарани серија трибини, округли маси и предавања во повеќе градови низ земјата. На 7 мај се одржа мал европски филмски фестивал во киното Рамстор, истиот ден се одржа и пријателски фудбалски меч меѓу тимовите на Македонија и ЕУ во салата Форца, а ќе се организираат и денови на европската култура во Блу кафе.Манифестации по повод денот на Еропа се одржувааат во повеќе европски метрополи. Институциите на Европската унија во седиштето во Брисел денеска ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители, додека во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур ќе бидат организирани проекции на 25 филмови од секоја држава-членка на Унијата. Во Виенаавстрискиот писател Јозеф Винклер, ќе чита текстови за Европа во кафе-барот “Централ“, додека за дебатата во Париз е одбран славниот “Де Маго“.Ширум Париз ќе се продаваат специјални влезници во сина боја за метро со натпис “Празник на Европа“, на улиците ќе се делат знамиња на Унијата, а Ајфеловата кула 24 часа ќе биде осветлена само со сини светла.Во Барселона, во чест на 20.годишнината од влезот на Шпанија во Унијата, е направена џиновска карта на Земјата, со површина од девет квадратни метри. “Книжевната дебата“ за заедничка Европа ќе биде одржана и во полската престолнина Варшава каде ќе биде отворена и “Куќа на ЕУ“. Потпретседателот на Европската комисија (ЕК), Италијанецот Франко Фратини, ќе ги повика граѓаните во Рим да учествуваат на конкурсот за најдобра фотографија која ја покажува љубовта кон Европа.
http://www.sei.gov.mk

1 comment:

Горан Андреев said...

Честит 9 мај. :)

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov