Monday, August 21, 2006

Граѓаните на ЕУ ја поддржуваат Македонија

Поголемиот дел од граѓаните на ЕУ ја поддржуваат Македонија за членство во ЕУ. Во последното испитување на јавното мислење што го спроведе Европската комисија, на прашањето: „Дали го поддржувате членството на земјите откако ќе ги исполнат сите услови поставени од ЕУ“, 49 отсто од испитаниците ја поддржале Македонија додека 36% против. Поголема поддршка од Македонија добила само Хрватска и тоа 56% наспроти 30%. Единствен негативен сооднос има Албанија и тоа 41% за и 44% против. Поддршката за Македонија во ЕУ-15 (земјите-членки без новите 10) е 47% за и 38% против. Односот во новите 10 земји-членки е 58% за и 26% против додека во Бугарија и Романија е 67% за и 7% против. Најголема поддршка имаме од Словенија и тоа 74%, а зад неа се Шведска, Хрватска и Бугарија со 71% поддршка.Испитувањето „Специјален Евробарометар“ е објавено во јули 2006.Истражувањето во целост може да го преземете на следнава адреса: http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_255_en.pdf

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov