Friday, September 01, 2006

Нема договор за ЕУ до 2009 – оцени Јункер

Нема да има значаен договор во Европската унија околу уставот и иднината на Еу до 2009 или 2010. Ова предупредувања го искажа премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер, поткопувајќи ги оптимистичките желби и најави на Европската комисија и на германскиот канцелар Ангела Меркел.„Дури и овие датуми се оптимистички“, предупреди Јункер за германскиот весник „Зиддојче Цајтунг“.Јункер додаде дека не верува нешто ќе се смени за време на германското претседавање со Унијата во 2007, за кога Меркел најави обновување на договорот за Европскиот устав.„Точно е дека имаме про- европски канцелар во Германија. Но, со кој шеф на влада или со која голема земја таа мисли да ја заврши работата околу уставот, запраша Јункер.Тој додаде дека верува оти песимизмот не е само кај европските лидери, туку и кај граѓаните.„Верувам дека постојната криза е делумно сериозна, бидејќи веќе не постои мнозинство Европејци, кои сакаат поголема Европа“, заклучува Јункер.

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov