Friday, September 01, 2006

ЕУ ќе одвои 481 милиони евра за борба со даночните измами и фалсификатите

Европската унија во следните шест години ќе издвои 481 милиони евра за борба со даночните измами и фалсификатите.Ова го изјави еврокомесарот за даночна политика Ласло Ковач, кој додаде дека со тие средства ќе се финансира развојот на европскиот електронски царински систем и ќе се поттикне соработката меѓу даночните служби во земјите членки на ЕУ.“Растечката глобализација во трговијата, развојот на новите пазари и промените во методите и брзината на движењето на стоките, бара европската даночна и царинска администрација да биде модернизирана и засилена“, рече Ковач.Според најавите од Брисел, ЕУ ќе потроши 324 милиони евра за зацврстување на царинските системи и 157 милиони за подобрување на даночната соработка.Новата сума треба да биде одобрена од Европскиот парламент и 25-те членки, а Ковач како приоритет во програмата ја истакнува борбата со увозот и трговијата со фалсификувани производи.

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov