Friday, September 01, 2006

Ширак: Ширењето на ЕУ треба да е „прифатено од луѓето“

Ширењето на Европската унија треба да е „оценувано, разбрано и прифатено од луѓето“, изјави францускиот претседател Жак Ширак, нагласувајќи дека Франција наскоро ќе започне дебата по ова прашање.Откако Французите го отфрлија Европскиот устав на минатогодишниот референдум, резервите во Франција околу ширењето на ЕУ се зголемија.„Ангажманите што беа започнати, ќе се исполнат“, рече Ширак на годишната средба со француските амбасадори во Париз.„Процесот треба да е оценуван, разбиран и прифаќан од луѓето. Тоа е влогот на дебатата за апсорциската моќ на ЕУ, што Франција ја побара и што треба да се води за време на финското претседавање со Унијата до крајот на 2006 година“, рече Ширак

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov