Friday, September 01, 2006

Бугарија има проблем со парите од фондовите на ЕУ

Бугарија има проблем со апсорпционата моќ на парите од претпристапните фондови на Европската унија, призна денеска бугарскиот премиер Сергеј Станишев.Зборувајќи во Собранието на Бугарија Станишев изјави дека Владата презема мерки за да се надмине ваквата состојба.Имаме проблеми со административниот капацитет, а користењето на фондовите не зависи само од централната и месната администрација, изјави Станишев.Тој додаде дека тешко се наоѓаат експерти и покрај тоа што постојат фондови за обучување и специјализирање на такви кадри.Станишев како оправдување наведе дека и другите десет нови членки на Унијата не ги користат во целост фондовите за нив. Естонија искористила од структурните фондови 41 насто, а Литванија 42 насто.За првите две години од членството, новите десет држави членки искористиле во просек меѓу 72 и 82 насто од европските пари, додаде Станишев.

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov