Friday, September 01, 2006

Евробарометар - Опаѓа поддршката за проширување на ЕУ


Опаѓа поддршката за натамошното проширување во земјите членки на Европската унија (ЕУ) покажа најновото испитување на Евробарометар.Поддршката за идното проширување на ЕУ кај нејзините граѓани опаднала на 45 проценти, во споредба со анкетата есента од минатата година, кога изнесувала 49 проценти. Напоредно се зголемува бројот на противниците на проширувањето. Процентот сега се зголеми на 42, а минатата есен против биле 39 проценти од испитаниците.Јавното мислење за натамошното проширување покажува голема поделеност меѓу земјите членки. Голема поддршка има во Словенија (73%) и Полска (75%), што е во контраст со позицијата во Германија, Луксембург, Франција, Австрија и Финска, каде најмалку 6 од 10 испитаници се против.Поддршката за проширувањето на ЕУ продолжува да биде посилна во десетте нови членки (66%).Интензитетот на поддршката кај грчката јавност традиционално е еден од најголемите во ЕУ, но последните резултати покажуваат големо опаѓање. Поддршката од 74 се намали на 56 проценти. На јавно мислење во Грција, се чини, влијаеле најновите настани поврзани со членството на Бугарија и Романија, како и дебатата за Турција.Испитувањето, освен во земјите членки на ЕУ, е извршено и во државите кои треба да пристапат, Бугарија и Романија, како и во земјите кандидати Хрватска и Турција. Поддршката за проширувањето во овие земји е над 60 проценти. Исклучок е Турција каде со поддршка од 45 отсто. Стандардниот Евробарометар за проширувањето се објавува два пати годишно.

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov