Friday, September 15, 2006

ЕБРД издаде нова стратегија за Македонија

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) ќе ги зголеми инвестициите во Македонија во следниве две години за понатамошно унапредување на транзициските процеси и реформската агенда.Во последната стратегија за Македонија објавена на 30 август 2006 година, Банката најавува фокусирање на инвестициите за поддршка и привлекување на домашните и странските бизниси, соработка со финансискиот сектор заради развој на поширок спектар на производи како и повеќе финансиски средства наменети за малите и средни претпријатија. Исто така ќе се промовираат и инфраструктурни проекти како на пример изградба на патишта, аеродроми како и регионални проекти.Кенџи Наказава, Раководител на канцеларијата на ЕБРД во Македонија, во вест објавена на веб-страницата на ЕБРД, изјави дека Македонија направи голем напредок во последниве години во пресретнувањето на предизвиците на транзицијата и дека на таа основа мора да се изгради и промовира бизнис клима погодна за инвеститорите со што ќе се привлечат неопходните инвестиции.ЛИНК ДО СТРАТЕГИЈАТА: http://www.ebrd.com/about/strategy/country/mace/index.htm

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov