Monday, November 06, 2006

ЕК нема да ги обесхрабри земјите од Западен Балкан


Регионот има потреба од европска перспектива за да ги забрза реформите. Европската комисија ќе достави седум извештаи - за Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.
Неименувани дипломатски извори, наведуваат дека на Македонија нема да и биде одреден датумот за отпочнување на преговори со Унијата и покрај тоа што минатата година на земјата и беше даден статус на земја-кандидат.
И покрај тоа што преговорите од спогодбата за стабилизација и асоцијација со Србија беа прекинати во мај поради несоработката на Белград со Хашкиот трибунал, Европската комисија идната недела ќе предложи олеснување на визниот режим за српските граѓани.

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov