Monday, November 27, 2006

Заеднички повик за проектни предлози во рамките на програмата за соседство помеѓу Република Македонија и Република Грција

ЗАЕДНИЧКИ ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ

Програма на соседство

Помеѓу Република Грција и Република Македонија

Наслов: Заеднички повик CBC Грција 2004 и Заеднички повик CBC Грција 2005
Референца: 04MAC03/01/001 и 05MAC02/01/001

(Извадок од Резимето на Повикот за предлози)
Органот за Управување на INTERREG IIIA програмата / Министерството за економија ифинансии на Грција во соработка со Органот за склучување на договори за Република Македонија – Европската агенција за реконструкција и Телото за координација на програмата – Секретаријатот за европски прашања, Република Македонија, бараат предлози насочени кон следниве приоритетни оски:

1. Прекугранична инфраструктура
2. Економски развој и вработување
3. Квалитет на живот/животна средина
Со финансиска поддршка од Програма на соседство меѓу Грција и Република Македонија 2004 и
2005 на Европските заедници.

Индикативни алокации на средства според географската дистрибуција се на располагање за следниве региони:
За Грција:
Западна Македонија (перфектурата Лерин), Централна Македонија (Перфектурите Солун, Кукуш и Пела).
За Република Македонија:
Општините: Охрид, Ресен, Битола, Могила, Новаци, Прилеп, Кавадарци, Демир Капија,
Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран, Струмица, Босилово, Ново Село, Струга, Дебарца, Вевчани, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Неготино, Росоман, Дебар, Центар Жупа и Василево.

За Упатството за Апликанти и деталниот Повик за предлози, како и за посебните
информации за апликантите може да се консултира веб сајтот www.interreg.gr и да се
контактира Заедничкиот Технички Секретаријат.
Крајниот рок за доставување на предлозите за средствата од ERDF (за Грчки апликанти) е 21 Декември, 2006, 16:00 локално време, а за средствата од CARDS (за Македонски апликанти) е 21 Февруари, 2007, 16:00 локално време, на следнава адреса:

Joint Technical Secretariat INTERREG III
Greece - Republic of Macedonia Neighbourhood Programme
65, Leoforos Georgikis Scholis
GR-570 01 Thessaloniki, Greece

Деталниот Повик за предлози е објавен на следниов линк:
http://www.ear.eu.int/projects/projects.htm (Европската агенција за реконструкција)

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov