Thursday, January 11, 2007

Германија претседавач со ЕУ

Германија официјално ќе го преземе Претседателството со ЕУ на 1 јануари 2007. На прес конференцијата одржана на 27 декември, германскиот амбасадор Ралф Брет ја презентираше Програмата за работа која ќе се спроведува под мотото „Европа заеднички ќе успее“.
Програмата за работа има три поглавја кои се фокусираат на Заедницата односно понатамошното развивање на ЕУ, на заедничката внатрешна и правна политика и на заедничката надворешна и безбедносна политика.
Како што истакна амбасадорот Брет, за време на претседателствувањето со ЕУ, Германија ќе се обиде да го „оживее“ процесот на усвојување на европскиот устав, кој е многу важен за внатрешната консолидација на ЕУ и за понатамошното проширување. Во однос на процесот на проширувањето, германскиот амбасадор истакна дека ЕУ ќе се придржува до Солунската Агенда, но дека зачленувањето во ЕУ најмногу зависи од земјите кандидати и темпото со кои ги спроведуваат неопходните реформи.
Германија ќе биде на чело на Претседателството со ЕУ до 30 јуни 2007, кога таа улога ќе је преземе Португалија. Повеќе информации за програмата и активностите може да се најдат на официјалната веб страна на германското претседателство www.eu2007.de.

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov