Monday, January 21, 2008

Излезот на Никола Груевски

Младиот и динамичен премиер на Македонија, Никола Груевски, штотуку ја издаде својата магистерска теза во облик на книга со наслов „Излезот”. Во една поранешна книга напишана заедно со коавторот на освртот на ова издание, а под наслов „Македонија на крстопат” (1998), Груевски ги изложува истите теми и сугерира слични решенија. Она што изненадува е фактот што неговата претходна книга не се споменува никаде во новото издание, а впрочем интересно е и откритието дека Груевски ја имал истата визија за Македонија уште во 1998 г. И токму тука лежи изворот на моето несогласување со дел од неговиот труд: во изминативе десет години, светот се промени, а економските истражувања напреднаа. Македонија не е позната како бастион на економски студии. Повеќето македонски професори се образовале и ја стекнале својата пракса за време на социјалистичкиот режим на Тито и за нив транзицијата кон капитализам е прилично збунувачка. Многумина од нив не зборуваат ни англиски. Токму затоа, Груевски успеал да произведе еден сеопфатен, образовен и провокативен осврт на темите кои се разработуваат во неговиот труд. Книгата на Груевски е и повеќе од соодветна и може да се носи со голем број учебници, но само како вовед во темата за странски директни инвестиции и нивната улога во новите транзициски економии во развој.Но, по с$ изгледа дека двата столба кои треба да го претставуваат излезот за македонската економија се прилично нестабилни. Македонија не може да се споредува со Ирска, со Сингапур, па дури ниту со Романија ни со Полска. Овие земји имаат предности за кои Македонија може само да сонува: блискост до мегапазари, познавање странски јазици, многу повеќе домашно население... Нивното искуство е неприменливо во Македонија која е затворена со копно од сите страни, со слабо државно уредување и ксенофобично и недоволно образовано население.Уште поважна е тоа што улогата на странските директни инвестиции (СДИ) во промовирање на растот и одржливиот развој никогаш не била потврдена. Не постои дури ниту прецизна дефиниција за таквата појава. Во повеќето земји во развој, други приливи на капитал, како на пример назнаки од странство, а не СДИ и ОРП (официјална развојна помош) се поголеми и се сметаат за посигурни. Неколку студии покажуваат дека домашните инвестициски проекти имаат покорисни (трицкле-доњн) ефекти за локалните економии. Така, близу две третини од СДИ се лоцирани кај богатите земји, и тоа во облик на спојувања и припојувања (мерџери и аквизиции - М и А). С$ на с$, СДИ претставуваат едвај 2% од глобалниот бруто-домашен пприход (БДП).СДИ не би можеле автоматски да се претстават како нето-прилив на девизи. За почетокот, многу мултинационални и транснационални „инвеститори” позајмуваат пари локално со поволни камати и на тој начин ги финансираат своите проекти. Ова претставува нефер конкуренција со локалните компании и го исфрла домашниот приватен сектор од пазарите за кредитирање, дислоцирајќи ги ивестициите во процесот. Многу транснационални корпорации се нето-конзументи на заштеди кои ги празнат локалните резервоари, оставајќи ги другите претприемачи самите на себе. Во тој поглед, во процесот на распределба на финансиите и странските банки се понаклонети и повеќе се грижат за потребите на понеризичните сегменти на бизнис-сцената (читај: странските инвеститори).Згора на тоа, колку е попрофитабилен проектот, толку е помал и нето-приливот на странски финансии. Во некои земји во развој, профитот кој си го повратиле „мултинационалците”, ја надминува сумата на вкупните СДИ. Овој непријатен исход уште повеќе го влошуваат исплатите на каматите во случаите каде инвестициите се финансираат со долгови, или пак други давачки, како на пример одлив на хонорари, дивиденди и разни такси. Да не го споменуваме тука и „звукот на цицањето” кој го произведуваат некои квазилегални практики, како на пример трансферно одредување цени и слични „мутации” на креативното сметководство.Повеќето земји во развој повеќе немаат потреба од странски пари. „Земјите од третиот и четвртиот свет” контролираат три четвртини од глобалните девизни резерви. „Сиромашните” (Југот) сега им позајмуваат на богатите (Северот) и се наоѓаат во позавидна положба од нето-кредиторите. На Западот му пресушуваат резервите на заштеда од Југот и од Истокот, најмногу со цел да ја финансира незаситната потрошувачка на своите жители, како и разните домашни капитални балони.Сепак, како што би ви одговорил секој студент на прва година по економија, СДИ не се однесуваат само на девизите. Тие го поттикнуваат трансферот на менаџерски вештини, интелектуална сопственост и технологија, креираат работни места и го подобруваат квалитетот на призведените стоки и услуги. И пред с$, го промовираат извозниот сектор.. Сево ова е повеќе или помалку точно. Поддржувачите на СДИ си ги остваруваат своите цели, додека СДИ не ги поттикнуваат, туку само ги следат растот и стабилноста. Странските инвеститори ги привлекуваат приказни за успех и тие се насочуваат кон замји кои се веќе развиени, политички стабилни и со значителна набавна моќ. Странските инвеститори си заминуваат веднаш штом почувствуваат или видат и најмал знак на закана, немир или намалено богатство. Во тој поглед, подеднакво тешко можеме да се потпреме и на СДИ. Студиите покажале како мултинационалните компании побрзале да си ја повратат заработувачката и да ги вратат заемите штом има и најмал предзнак за неволја. Поради сево ова, можеме да речеме дека СДИ се делумно проциклични/периодични. Што станува тогаш со вработувањето? Дали СДИ се вистинскиот лек кој го бараме?Секако не. Странските проекти се капитално-интензивни и трудово-ефикасни. Странците инвестираат во машинерија и интелектуална сопственост, но не во плати. Вештите работници добиваат плати кои се прилично повисоки од домашниот просек, а сите други заслабнуваат. Повеќето мултинационални компании ангажираат изведувачи кои, за да си ја завршат работата, честопати носат работници од различни континенти. Домашното население ретко профитира, а дури и откако и кога тоа ќе најде вработување, тоа е привремено и лошо платено. М и А, кои, ако се сеќавате, сочинуваат 60-70 % од сите СДИ, се познати по суровото генерирање „загуба” на работни места.Во крајна линија, СДИ го поткрепуваат владиниот буџет, но во земјите во развој каде без исклучок владее „клептократија”, повеќето од парите исчезнуваат во длабоките џебови, во мрсните дланки или на сметките на швајцарските банки. Таквиот „придонес” на и онака осиромашената економија, најчесто доведува до надувување на капиталните балони (најчесто во облик на недвижен имот) и до продолжување на неодржливиот и опасен подем, по кој ќе следуваат болни падови

1 comment:

Nikola Dimeski said...

Секогаш има за и против СДИ. Реалноста во Македонија е 350,000 невработени и реалноста е дека СДИ се потребни за да се намали невработеноста. Реалноста е дека луѓето бараат пред се вработување а не европски плати.И логично е инвеститорот да инвестира онаму каде што трошоците се помали.Пример,деновиве се објави дека БМВ ќе го пренесе своето производство за моторцикли во Кина. Доколку работите стоеја поинаку,односно доколку бројот на невработени беше многу помал,тогаш држи констатацијата дека некои,меѓутоа напоменувам некои, СДИ можат да бидат штетни. СДИ на Чешка и донесоа околу 1 мил. произведени автомобили.И јас би сакал да влезат СДИ кои ќе ја намалат невработеноста и зголемат БДП,па нека се богатат,всушност и затоа инвестираат.
СДИ се излезот за Македонија и потполно се согласувам со Груевски.

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov