Wednesday, July 15, 2009

Едноумие врз основа на безумие

Едноумие врз основа на безумие
Главен аргумент зошто да бидат избрани на кандидативе за градоначалници од ДПМНЕ е затоа што ќе имале одлична соработка со централната власт. Некои одат до таму што ни кажуваат да се пазиме за кого ќе гласаме затоа што локалната власт била зависна од централната власт. Од ова произлегуваат неколку работи:
• Партијата на власт гради едноумие врз основа на безумие (сака да биде и централна и локална власт злоупотребувајќи ја позицијата на власт на централно ниво. Да е ниет Грујо ќе се прогласи за божество за полубог)
• Минирање на процесот на децентрализација (функционална децентрализација е еден од условите за влез во ЕУ)
• Програмата на овие кандидати е правена од страна на владата и визијата за градовите на кандидатите за градоначалници е визија на премиерот е не нивна. Уште не сфатив што имаат кандидативе на ДПМНЕ визија или програма или можеби имаат визионерска програма. Треба да разликуваат визија од реална алокација на средства за исполнување на нужностите кои ги тиштат општините. И Да Винчи имал визија за хеликоптер ама не можел да ја оствари затоа што околностите не дозволувале.
• Ова е директно го загрозува изборниот процес и го прави нефер и недемократски. Ова е класична корупција на изборниот систем. Секој правен промет изнуден под измама, уцена или заблуда е ништовен.
• Ова однесување покажува дека кандидатите за гладоначалници на ДПМНЕ немале што да понудат освен папочна врска со централната власт. Едно прашање до сите нив: Што кога централната власт ќе се смени? Ќе си поднесете оставка?

http://qzevski.blog.com.mk/

No comments:

 

© Copyright 2006, European House Skopje. Blog developed by Zoran Dimitrov