Европа во школо во РМ
Формирање на Македонски Национален Комитет на Европа во школо
Националниот Комитет на Европа во школо се конституираше на 1 април 2004 година. Како членови се делегирани претставници од следниве институции:
Министерство за образование и наука – Веселинка Иванова
Биро за развој на образование – Софка Коцева, Петре Наневски и Блага Панева
Балканска фондација за деца и млади – Агон Демјаха
Европска куќа Скопје – Тони Масевски и Зоран Димитров
Агенција за млади и спорт – Виолета Живковска
Младински комитет на Европски парламент – Јован Ценев
Сојуз на ликовни педагози на Македонија – Пане Коцевски
Сојуз на друштва за македонски јазик и литература – Гоце Цветановски
Сектор за Европски интеграции на Влада на РМ – Јордан Гиров
Националното жири во состав:
Ликовна конкуренција
Тони Масевски – Генерален секретар на Европска куќа Скопје
Петре Наневски – Биро за развој на образование
Д-р Фехим Хусковиќ – доцент по методологија на ФЛО и истакнат ликовен творец
Глигор Васков – лице од праксата
Литературно жири
Блага Панева – советник по литература
Флорита Ерновска – лице од праксата, наставник по литература и македонски јазик
Ана Чокрева – Европска куќа Скопје
Милорад Стефановски – лице од праксата
Европа во школо 2004
Конкурс за натпреварот Европа во школо 2004
Конкурсот за натреварот Европа во школо беше отворен од 12 до 17 април 2004 година. Беше издаден леток и плакат со кои се промовираше напреварот.
Пилот натпревар
Натпреварувањето се одвиваше во Ликовна и Литературна конкуренција, тема на изразување беше „Разбирање на Европа преку културата и спортот“.
Во пилот фазата на натпреварот по случаен избор беа одбрани следниве средни училишта:
Гимназија „Јосип Броз Тито“
Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“
Гимназија „Орце Николов“
Гимназија „Ѓорѓи Димитров“
Гимназија „Зеф Љуш Марку“
ДСУ „Панче Арсовски“
ДСУ „Васил Антевски Дрен“
ДСУ „Марија Кири Склодовска“
ДСУ „Методија Митевски Брицо“
ДСУ „Цветан Димов“
Натпреварот опфати ученици од I до IV година.
Во сите училишта беа формирани локални жири комисии, составени од наставници по литература и ликовно воспитување. Локалните комисии беа задолжени да одберат по три дела кои подоцна ги доставија до Националната комисија.
Во продолжение се наведени локалните комисии по училишта:
Ликовно | Училиште | Литература |
Кристина Битракова | Гимназија „Јосип Броз Тито“ | Светлана Саздовска |
Раде Аџигоговски | Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ | Роза Никодиноска |
Снежана Крсевска | Гимназија „Орце Николов“ | Тамара Ќупева |
Лидија Ѓуриќ-Пејковска | Гимназија „Ѓорѓи Димитров“ | Виолета Стојановска |
Сами Аметај | Гимназија „Зеф Љуш Марку“ | Исни Јакупи |
Олгица Антовска | ДСУ „Панче Арсовски“ | Валентина Јорданова |
Маргарита Киселичка | ДСУ „Васил Антевски Дрен“ | Владанка Симоновска |
Сашка Андреевска | ДСУ „Марија Кири Склодовска“ | Тања Белчева |
Јагода Петковска | ДСУ „Методија Митевски Брицо“ | Зорица Паневска |
Ана Кондовска-Вишинска | ДСУ „Цветан Димов“ | Светлана Нацкулова Ајтен Кардиу |
Резултати од Натпреварот
Ликовна конкуренција
1 место: Младен Цветков, Гимназија „Јосип Броз Тито“
2 место: Ивана Јовановска, ДСУ „Панче Арсовски“
3 место: Марија Стојановска, Гимназија „Ѓорѓи Димитров“
Литературна конкуренција
1 место: Станко Илиќ-Попов, ДСУ „Панче Арсовски“
2 место: Виктор Јовановски, Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“
3 место: Бранка Доневска, Гимназија „Јосип Броз Тито“
Прослава на „9-ти мај – Денот на Европа“ и церемонија за прогласување на победници во натпреварот Европа во школо 2004
Промоцијата на проектот Европа во школо во Р.Македонија се одржа во Гимназијата „Јосип Броз Тито”, на 8 мај 2004 година, по повод „Денот на Европа”.
Во програмата, со излагање на тема „Обединета Европа - Од идеја до реалност”, зема учество Амбасадор Јован Теговски – Советник за односи со ЕУ во Министерство за надворешни работи. Пригоден збор на манифестацијата даде и Амбасадорот на Делегација на Европска комисија во Р.М. Г-дин Донато Киарини. Следуваше презентација на Генералниот Секретар на Европска куќа Скопје, Тони Масевски за проектот „Европа во школо”, и неговото имплементирање во Р.Македонија.
Во рамките на промоцијата се одржа и церемонија за доделување награди на првонаградените ученици во ликовна и литературна конкуренција.
Наградите на победниците им беа врачени од страна на Каролина Гочева.
Приредбата беше збогатена со изведба на две музички нумери од хорот при ДСУ„Панче Арсовски” и изложба на фотографии од Срѓан Јаниќиевиќ.
Проектот „Европа во школо“ во иднина треба да прерасне во годишен натпревар кој ќе се одржува во сите основни и средни школи во Р.Македонија.
Comments