Европа во школо



Нашата сегашност е одбележана со длабоки промени. Заедничкиот раст на Истокот и Западот, проширувањето на Европската Унија, брзиот научен и технолошки прогрес и ефектите од глобализацијата, имаат силно влијание на нашето секојдневие. Европските народи мораат да ги зголемат и обединат нивните напори со цел да го обезбедат демократскиот политички поредок и да ги почитуваат човековите и граѓанските права, да ја зацврстат социјалната солидарност, да ја зголемат благосостојбата, што ќе резултира со обезбедување на мирот. Ова секако не би можело да се постигне само на национално ниво. Хоризонтот треба да се прошири и заедничките проблеми треба да се разгледуваат на Европско ниво со цел да се развие јасна перспектива за иднината.
Интеграцијата на Европа се заснова на вољата на нејзините граѓани. Затоа од витална важност се младите луѓе, кои наскоро ќе станат одговорни граѓани и ќе ја детерминирааат судбината на Европа е да ја развијат Европската свест. Тие, исто така, треба да ги тренираат своите капацитети и вештини што ќе им овозможи да го подобрат своето знаење и разбирање за другите култури, како и подобро соочување со постојаните предизвици имплементирани во денешното општество базирано на знаење.
 
Активностите на Европа во школо им помагаат на младите луѓе да се здобијат со знаења во врска со процесите на Европска кооперација и интеграција и со тоа целосно да ја сватат важноста на Европската идеја. Преку нејзините содржини, структура и методологија, Европа во школо придонесува за општото образование за демократијата, промовира интеркултурно образование и ја поддржува подготвеноста за долготрајно учење и усовршување на новите информациони и комуникациони технологии. Европа во школо е педагошка активност која е нашироко и официјално призната и споменувана во различни одлуки и препораки на Европските институти, како и во официјалните документи објавени од национални образовни авторитети. На Европско ниво, Европа во школо е под заедничка патронажа на Советот на Европа, Европската Комисија и Парламенотот, како и Европската Културна Фондација во Амстердам.
 
Би сакала да ги поканам учениците и професорите и сите оние кои се заинтересирани за Европското образование, да ги погледната приложените страни кои претставуваат информации за активностите на Европа во школо. Се надевам дека ќе охрабрам многу професори и млади луѓе да учествуваат и ќе ги пренесам моите најсрдечни желби за успешна Европска работа истакнувајќи ја можноста за освојување атрактивни награди.
Јули 2001
  
 
 
Дорис Пак МЕП
Председател




1    ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
Активности и Партиципација
 
Европа во школо е постојана и квалитетна понуда на годишна основа, наменета за професорите и учениците од сите видови училишта и старосни групи; може лесно да биде интегрирана во секојдневната практика на Европското образование. Годишните теми од Европскиот Натпревар и блиските врски со националните наставни планови прават иницијатива базирана на цврстиот Европски заеднички делител.
 
Главни инструменти  на Европа во школо се:
  • Европскиот Натпревар, годишен натпевар во уметнички и пишани дела на ниво на основните и средните училишта,
  • Серии од собири на млади луѓе вклучувајќи ги и добитниците на награди,
  • Европа во школо Шема за интернет награди,
  • Тренинг семинари за млади лидери и
  • Семинари за професори
Учеството во натпреварите е отворено за учениците и студентите од земјите - членки на Европската Унија, Советот на Европа и од други земји кои ја потпишаа Европската Културна Конвенција. Можат да партиципираат ученици од различни старосни групи и од различни видови училишта, вклучувајќи ги и вишите училишта и училиштата за деца со специјални потреби; старосниот лимит за учесниците е 21 година. Учеството е предвидено не само за учениците од големите и средните градови, туку и од изолираните делови во замјата. Придонесите од Пишаниот Натпревар ќе бидат преведени на различни јазици, како на пример јазикот Саами. Во последните 10 години, околу 6 милиони ученици и нивните професори можеа да бидат убедени да работат на теми од Европски интерес (годишниот просек би бил 500 000 учесници). Со континуирано учество во активностите на Европа во школо, многу училишта развија Европски профил.

Цели
 
Глобалната цел на Европа во школо е да ја промовира Европската свест во врска со Европската димензија во образованието на сите нивоа меѓу професорите, учениците и студентите. Всушност целта на Европа во школо е промовирање на:
 
  • општо образование за демократијата во зависност од различните култури,
  • интернационална соработна на полето на Европското образование,
  • усовршување на новите информации и комуникациски технологии и подготвеност за долготрајно учење.
  • Низ содржината, структурата и матодологијата на нејзините активности и преку интегрирање на Европските теми кои се од централно или тековно значење за образованието, Европа во школо ги убедува младите луѓе да:
  • станат свесни за фактот дека се Европски граѓани, преку подобро разбирање на другите култури и преку подобрување на нивното знаење за Европската кооперација и интеграција,
  • развијат чувство за одговорност дека тие го обликуваат сопствениот живот и да дадат придонес во обликувањето на Европа, во општество кое се карактеризира со константна еволуција и потреба да одговори на постојаните предизвици.
Важно е да се истакне дека цел на активностите на Европа во школо не е да се идентификува млада европска елита”, туку да се поттикне што е можно поголем број млади луѓе да истражат и да работат на Европски теми. Последователно на ова, наградувањето треба да се гледа како потврда на иницијативата и посветеноста на учесниците за Европските прашања.
 
Европа во школо во поширок контекст на Европското образование
 
Во последниве години имплементацијата на Европската димензија во образованието стана приоритет. Европската Унија, Советот на Европа, како и националните образовни авторитети, формулираа и постојано развиваат политики, програми и проекти кои промовираат интеграција на Европската димензија во процесите на учење и пренесување на знаењето. Владите во Европа се потполно свесни за значењето на Европската димензија во образованието за иднината на Европа: По многубројните усвоени коресподентни одлуки во врска со имплементацијата на Европската димензија во образованието, значењето на соработката меѓу земјите - членки на Европската Унија на полето на образованието и обуката беше признато со Спогодбата во Маастрицхт (Глава 3, Член 126 и 127). Подоцна ова беше потврдено со Спогодбата во Амстердам а фигурира и во АГЕНДА 2000 предлозите на  Европската Комисија. Програмите СОКРАТ и ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ на Европската Унија се уште еден доказ за ова. Советот на Европа спроведува важни проекти и донесува многубројни резолуции и препораки кои се во врска со Европската димензија во образованието, како на пример резолуцијата на Стандинг Цонференце оф Еуропеан Министерс оф Едуцатион (пример: Виена, А: 1991, Мадрид, Е: 1994, Кристиансанд, Н: 1997, Краков, ПЛ: 2000). Исто така и националните авторитети во Европските земји нагласуваат дека покрај официјалните мерки, активностите на невладините организации, како Европа во школо се важни како комплементарен и дополнителен дел кој ќе је зголеми Европската свест на студентите и професорите. Европа во школо експлицитно се споменува во бројните гореспоменати резолуции и препораки како на национално така и на Европско ниво.
  
2    АКТИВНОСТИ
 
Европа во школо, како интегрален проект, се состои од 5 различни типови активности како:
 Европски Натпревар во Уметнички и Пишани Дела
  • Европа во школо Шема за Инернет Награди
  • Европски Собири на Млади
  • Тренинг Семинари за Млади Лидери
  • Европски Семинари за Професори
ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАР (УМЕТНИЧКИ И ПИШАНИ ДЕЛА)
 
Сржта на активностите на Европа во школо е Европскиот Натпревар, натпревар во уметност и пишан збор кој се одржува секоја година. Натпреварот ја означи почетната точка, а понатамошните активности се развиваа низ годините. Сето тоа земено заедно ја сочинува Европа во школо денес. Националните Комитети од 34 земји се одговорни за одржувањето на активностите.
Теми
Темите за натпревар се секогаш поврзани теми, кои ги засегаат Европејците. Така младите луѓе можат веднаш да ја воочат врската помеѓу темата и нивното секојдневие.
 
Секоја година Европскиот Комитет на Европа во школо односно претставниците на Националните Комитети и претставници на патроните одлучува за главното мото за претстојниот натпревар. Поради тоа што образовните системи, барањата и потребите се различни во различни замји, Националниот Комитет од секоја земја го елаборира финалниот документ за темите за двата натпреварувачки дела: пишани и уметнички дела, како и за различни старосни групи; главно постојат 4 старосни групи: до 10 години, од 11 до 13 години, од 14 до 16 години, од 17 до 21 година. Секако темите се презентираат на мајчиниот јазик.
 
Примери на главното мото во изминатите и тековните години:
 
  • Кон обединета Европа предизвик за граѓаните од 21от век (1999/2000)
  • Подобра околина подобра Европа (2000/2001)
  • Нашите истории наша Европска иднина (2001/2002).
  • Европа во светот: независност и солидарност, разбирање и толеранција прадизвика за иднината (2002/2003)
  • Разбирање на Европа преку културата и спортот (2003/2004)

Форми за влез
Делата можат да бидат приложени во различни форми.

Примери:

Пишани дела: есеи, документарци, интервјуа, истражување, поема, радио игра, театарска претстава, анимиран филм, весник, база на податоци итн. Секако делата се на мајчиниот јазик на учесниците;
  • Уметнички дела: цртежи, постери, скулптури, колаж, видео филм, игра, фреска, фотографија, компјутерски анимиран проект итн.
  • Други активности: игри на симулација, сценарија, мјузикл, егзибиции, итн.
Методи на работа
Професорите и учениците одлучуваат за методите кои сакаат да ги употребат при работа на темата за натпревар. Ова остава простор за нови и иновативни форми на учење и пренесување на знаењето. Во повеќето случаи се работи во училници со помош од професорот(ите). Ова стимулира дискусии и им овозможува на учениците да дознаат повеќе за различните аспекти на темата и за различните мислења во врска со неа. Важен метод на учење е на пример изнаоѓањето каде и како можат да се добијат потребните информации, што е прв и важен чекор.
 
Темите за натпреварување можат да бидат дел од различни предмети: социологија, уметност, литература, геогрефија итн., дури и во форми на интеркултурни проекти. Учениците можат да направат индивидуална или групна работа, а во некои земји прифатливи се и одделенските дела..
Награди
Важно е да се забележи дека доделувањето на наградите претставува една форма на признание на иницијативата и посветеноста на учесниците за Европските теми (види. 'цели'). Во многу земји, посебно во поголемите, стотици награди се доделуваат на различни нивоа, на пример училишни награди, локални и регионални награди, како и на национално и Европско ниво. Илјадници млади луѓе се наградуваат секоја година и тоа не само еден, туку десетте најдобри. Поради тоа што наградите се доделуваа на различни нивоа, тие беа во форма на: патувања, книги, медаљи, вокмени, велосипеди, парични награди итн.
 
Сепак, најважна награда е учеството на еден од Европските собири на млади која се нуди на победниците секоја година. Секоја година околу 500 млади Европејци се поканети да се сретнат на околу 15 собири кои се организираат во различни (12/13) замји. Учесниците на овие собиири можат да ја почуствуваат возбудата поради припаѓањето на мултикултурна група на млади луѓе од цела Европа.
Критериуми за оцена
Оценувањето на работата се базира на тоа што може да се очекува од учениците од различни училишта и различни старосни групи. Ова секако се однесува и на уметничките и пишаните дела. Членовите на жирито одлучуваат кои дела се над просечните достигнувања (земајќи ги во предвид различните училишта и старосни групи) што пак значи награда. Критериумите се поврзани со содржината, методот, опфатот, формалните аспекти.
Главни критериуми се:
 
  • Работа на Европска димензија,
  • Разбирање на предметот,
  • јасна порака / јасна презентација: дизајн, изглед, спецификација на методите кои се користени,
  • маѓузависност на форми-техники-содржина,
  • креативност / оригиналност во разработката,
  • истражување на инпутите, критички суд, моќта на аргументите,
  • именување на изворите, одбележување и точност на она што е цитирано.
Жири
 
Постојат различни нивоа за избирање во повеќето земји, почнувајќи од училиштата на локално ниво, па се до национално ниво. (Националното) жири е составено од искусни професори од различни типови училишта и кои ги представуваат наставните предмети кои се теми за натпреварување. Во повеќето земји на средбите на жирито присуствуваат и артисти, писатели, новинари и/или претставници на училишните авторитети и асоцијации на професори, како и членови на Националниот Комитет.
Временски распоред
Националниот Комитет настојува информациите во врска со Европскиот Натпревар, како и процедурите за учество да ги достави до училиштата пред, или по, летниот распуст, што ќе им овозможи на почетокот на школската година на професорите и учениците да одлучат дали сакаат де учествуваат. Доколку се заитересирани, работата почнува и продолжува до Декември или Јануари следната година. Натпреварите се одржуваат во Јануари/Февруари, а наградите се доделуваат на Деновите на Европа во Мај (5 и 9), а собирите за добитниците на наградите се одржуваат во летните месеци (најчесто во Јули и Август).
 
Линк со локалните и регионалните власти, заедници, печатот и медиумите
 
Активностите на Европа во школо и даваат ново значење на училницата. Таа добива дополнително значење и важност во поширок контекст за целото училиште преку церемониите за доделување награди, презентирање на делата или панел дискусии на темите обработени преку пишан и ликовен натпревар. Активностите можат да бидат планирани и развиени во Европските клубови; Тие можат да бидат проширени над временскиот лимит на проектот низ документацијата. Заедниците можат да бидат вклучени во некои од активностите на училишно ниво.
 
Линкот помеѓу локалните власти и печатот може да се воспостави преку нивно информирање за Европа во школо, поканувајќи ги да присуствуваат  на церемониите за доделување награди, печатење на пишаните трудови во локалните весници и изложувајќи ги ликовните творби надвор од училиштето. Неминовно е дека овој начин позитивно ќе влијае за зајакнување на мотивацијата во училиштето за продолжување на промоцијата на Европската свест.
 
Преку размената на проектните резултати на меѓу училишно и интернационално ниво, се зајакнува квалитетот и разбирањето на Европските димензии. Затоа грижата на мрежата е воспоставена преку Европа во школо.
 
ЕВРОПА ВО ШКОЛО - ШЕМА ЗА ИНТЕРНЕТ НАТПРЕВАР
 
Со почеток на училишната 1999/2000 Европа во школо лансираше нова активност за училиштата а тоа е Интернет натпреварот.
 
Цели
Основните цели се промовирање на транснационалната соработка, интеркултурно учење и круцијалната потреба од информации и комуникациски технологии. Европа во школо- шема за Интернет натпревар има за цел воспоставување на мрежа на училишта-партнери, овозможувајќи им на училиштата да работат заедно на теми од заеднички Европски интерес преку употреба на Интернет. Базата е постоечката мрежа на Европа во школо.
 
Теми
Темите се поврзани со респективното годишно мото на Европскиот натпревар. Затоа тие превземаат прашања од тековно значење кои на широко се дискутирани во Европските земји и за кои се потребно заеднички Европски решенија. Во 1999/2000 фокусот беше на човековите права, а 2000/2001 на околината. Во учебната 2001/2002 мотото е заедничката историја.
 
Задачи
Задачата е да се направи Веб страна третирајќи ги избраните аспекти од темата. Веб страната треба да биде резултат на заедничка работа на Европската проектна група составена од три партнер училишта од три различни земји. Проектните партнери одлучуваат за содржината и рамката на соработката:
  • Аспекти на темата која треба да се обработи,
  • Методите на работа,
  • Јазикот на комуникација и презентирање на резултатите,
  • Содржина и дизајн на презентацијата
Проектниот резултат треба да биде презентиран на интернет. Треба да вклучува преглед објаснување на проектот на англиски јазик, за некој кој не ги разбира избраните јазици на комуникација, да може да ја добие целосната идеја на проектот.
 
Услови за учество
Шемата за Интернет Натпревар е отворена за училишта од земјите инволвирани од Европа во школо. Учесниците се класови или тимови (не индивидуи), кои работат заедно на проектот во рамките на наставната програма или како форма на активност надвор од наставната програма. Училишта од секаков тип се добредојдени. Минималната старосна граница на учениците кои учествуваат е 9 год. 
 
Барање на партнери
Со цел да посредува при барање на партнери, Европа во школо става на располагање база на податоци за училишните координати и други детали битни за изнаоѓање на партнери.
 
Многу училишта ги одржуваат партнерските врски со училиштата од другите Европски земји. Европа во школо- Шемата за интернет натпревар нуди можности за нов импулс на партнерите со формирање на заедничка проектна група. За оние училишта/професори за кои работењето во Европски контекст е ново искуство можат да го употребат Европа во школо- Шемата за интернет натпревар како начин за иницирање на Европско училишно партнерство.
Учесници
Околу 300 училишта од 28 Европски земји се регистрирани во он-лајн дата базата како учесници во 2001/2002 натпреварувачка рунда.
 
Жири
Влезот во Европа во школо- Шемата за интернет натпревар е процедура од два чекори, според следниве критериуми:
  • Европска димензија на работата
  • Разработеноста на темата
  • Пренесување на пораката
  • ВЕБ дизајнот
  • Оригиналност-креативност.
 
Во првата рунда, училишните тимови ги одредуваат своите најдобри презентации со посебни изборни кругови. Најдобро рангираните проекти  од секој изборен круг се праќаат на интернационалното жири од експерти кои ги одредуваат крајните победници.
 
Награди
Победничките тимови примаат вредни награди како парични награди или компјутерска опрема. Во јуни 2000, церемонијата за доделување на наградите се одржа во Берлин, а Јуни 2001 во Варшава. Како додаток, секое училиште кое учствувало во презентирање на заеднички проект ќе добие сертификат кој го потврдува успешното учество.
Временска рамка
Временската рамка на Европа во школо- шемата за интернет натпревар започнува со регистрирање на заинтересираните училишни тимови во дата базата од 1 Септември до 31 Октомври и завршува со презентација на заедничките ВЕБ страни на интернет во Мај следната година.

Интеркултурниот аспект и образованието
 
Европа е сеуште во изградба. Покрај различните насоки објаснети од Советот на Европа и Европската Унија, владините и невладините организации, како и индивидуални Европски граѓани, развиваат свои визии и идеи за обединета Европа. Но коцептот за “Заеднички Европски Дом” со отворени граници сеуште е нереално.
Живеењето во Европа е живеење во мултикултурни општества. Еден од најголемите денешни предизвици за Европското општество е како тие ке го опфатат зголемениот микс на национални групи. Живеењето во мултикултурни Европски општества и живеењето како Европејци треба да започне со учење еден од друг преку средби и размени. Да се изгради отворено општество е стремеж и крајно отворен процес. Голем е предизвикот да се трансформира нашето мултикултурно општество во интеркултурно. Интернационалното учење спроведува: срушени бариери, развивање на отворен однос, интеракција, размена, реципроцитет, толеранција и солидарност.
 
ЕВРОПСКИ СОБИРИ ЗА МЛАДИ (ЗА НАГРАДЕНИТЕ)
 
Како најадекватна награда во корист на натпреварувачката работа Европа во школо нуди учество на еден од Европските собири за млади за победниците од различните земји учеснички. Овие собири обезбедуваат можности за подобро меѓусебно разбирање и за интернационално учење; тие придонесуваат за неформално интернационално образование како и до  неговата Европска димензија. Според тоа тие се чекор понапред во формирањето на интернационални општества.
 
Секоја година во лето Европа во школо организира околу 15 собири на млади во околу 12/13 Европски земји. Собирите се предводени од 30/40 млади луге кои доаѓаат од сите Европси земји каде активностите на Европа во школо се присутни. На овој начин, околу 500 млади Европејци се здружуваат. Тие живеат и работат заедно од 8 до 10 дена во интернационална атмосфера. Собирите се фокусираат на Европските (натпреварувачки) теми кои се водени од повеќе национални  тимови , денес често  составени од млади лидери на Европа во школо т.е. пул на млади лидери.. Согласно со извештаите и писмата, за многу млади луѓе учеството во Европските собири е значајно искуство во нивниот живот.
 
Воглавно, програмите ги земаат во обзир следниве аспекти: Европско и интеркултурно учење/индивидуално учење/учење за земјите домаќини/учење за Европа. Собирите најчесто се составени од следниве фази: фаза за пречекување составена од игри за градење на самодоверба и кршење на ледот; работна фаза со различни активности кои служат за приближување кон темата: експертски инпути, посети на институции, објаснување на техниките кои може да се користат во работилниците; креативни работилници на различни начини во зависност од интересите на учесниците: на пр. театарски групи, уметнички групи, видео групи...; презентација и дискусија на резултатите; крајно оценување. Заедничката презентација на натпреварувачката работа за време на собирот е плодна и интересна и преставува добра почетна точка за дискусии на определена тема. На “Европските вечери”, учесниците меѓусебно разменуваат информации за нивните земји. На крајот од секој ден учесниците вообичаено се групираат во мали групи (“рефлексиони/комуникациски групи”) за да направат кратко оценување на денот, да ги разгледаат проблемите, да дадат предлози итн. Неформалните и неорганизираните делови од програмата каде учесниците имаат доволно време да се запознаат и да дискутираат меѓусебно, како и екскурзиите ја комплетираат програмата.

ТРЕНИНГ СЕМИНАРИ ЗА МЛАДИ ЛИДЕРИ И РАБОТА НА МЛАДИТЕ ЛИДЕРИ НА СОБИРИТЕ
 
Резултирајќи од работата поврзана со Европските собири за млади во поглед на тешкотиите со кои се судруваат организаторите во пронаоѓањето на лидери со интеркултурно искуство и тренинг, Европа во школо одлучи да понуди  тренинг семинари за млади лидери на претходни учесници на европските младински собири. Последните 7-8 години, многу од учесниците на семинарите работеа на Европските собири за млади како асистенти во тимот под контрола од искусните тимови, и самите се младински лидери и работат на други интеркултурни собири.
 
Централни елементи на интернационалното учење за време на тренинг курсевите се:
 
  • Запознавање на себеси;
  • Развивање на комуникациски вештини;
  • Зголемување на способноста за интеракција и капацитетот за дејствување
Листата без сомневање не е излишен каталог на целите на учење; исто така е очигледно дека очекувањето да се остварат целите имплементирани во овие услови ќе бара многу повеќе од само една истражувачка сесија. Како и да е, споменатите елементи презентираат идеја за што се работи во сесиите и кои се потребните квалификации за натамошен развој.
 
Во текот на минатата година организацијата на тренинг семинарите за млади лидери  прерасна во регуларна активност во рамките на активностите на Европа во школо. Поради тоа значаен број на млади луѓе работат како тимски асистенти или во зависност од нивниот тренинг и искуство како млади лидери на интеркултурните собири за млади низ цела Европа. Во измината година, на пример, нивниот број изнесуваше околку триесет.

ЕВРОПСКИ СЕМИНАРИ ЗА НАСТАВНИЦИ
 
Очигледно е дека во рамки на Европа во школо наставниците играат главна улога во процесот на подобрување на квалитетот и содржината на образованието.
 
Преку организирање на семинари за наставници и мултиплицитрање на аспектите на Европската димензија во образованието, Европа во школо дава придонес преку зацврстување на Европската димензија на ова поле, поточно во средното образование. До деведесеттите, серии на семинари, истовремено и со национални и со интернационални учесници, се одржуваа во различни земји. Семинарите не ги запознавале учесниците само со Европски теми, туку ги унапредувале размената на педагошки, методолошки и дидактички концепти.  Како дополнување, биле воспоставени долготрајни контакти помеѓу учесниците и училишните партнери. Неколку семинари беа поддржани од Советот на Европа во рамки на “Услужната тренинг програма за едукација на вработените”.
 
3    СТРУКТУРА НА ПРОЕКТОТ

Европскиот Натпревар се одржува на постојана основа веке педесет години, додека во исто време други активности беа развиени, како што се опишани, со што радиусот на активносто може да се прошири до границите на Европа. Овој факт дава јасна слика дека има постојана побарувачка на овој вид на Европска образовна иницијатива. Основната цел на Европа во школо останува непроменета. Покрај тоа високиот степен на флексибилност дозволува адаптација на активностите (содржина и начин на имплементација) на развиените напредувајќи на полето на образованието; таквата флексибилност е возможна бидејќи од една страна постои согласност меѓу сите членови на Европскиот Комитет за целите и содржинските прашања; а од друга страна постои минимум на строги правила, формулирани заеднички од членовите на Европскиот Комитет; ова овозможува максимум слобода за училиштата, наставниците и учениците во земјите вклужени да ги развијат и извршат нивните проекти во основни рамки.
 
Сегашната структура на Европа во Школо беше дефинирана во 1985/86 со договор помеѓу Советот на Европа, Европската Културна Фондација и Германскиот Комитет на Центарот за Европска Едукација, комбинирајќи ја стабилната владина соработка со флексибилноста на приватниот менаџмент.
Активности на 34 Земји под Одговорност на Националниот Комитет
 
Суштинските активности се на национално ниво и се организирани од Националниот Комитет. Ова вклучува претставници од образовната власт, наставници, родители, организации, Европското Движење, канцелариите на Европската Унија и на Советот на Европа, и други. Активностите на Европа во школо се организирани во 34 Европски замји од страна на 32 Национални Комитети, додека Швајцарскиот Комитет превзема грижа за активностите во Лихтенштај и Францускиот во Монако. Листата на комитети е следнава:
 
Avstrija
Austrian Committee of Europe at School
Belgija
Comité belge de L'Europe à l'Ecole
Bugarija
Bulgarian Committee of Europe at School
Hrvatska
Croatian Committee of Europe in School
Kipar
Cyprus Committee of Europe at School
Republika Ceska
Czech Committee of Europe at School
Danska
Europaeisk Ungdoms Landssekretariat
Estonia
Estonian Committee of Europe at School
Finska
Finnish Committee of Europe at School
Francija
Comité francais de L'Europe à l'Ecole
Germanija
German Committee of Europe at School
Grcija
Comité Grec de L'Europe à l'Ecole
Ungarija
Hungarian Committee of Europe at School
Irska
Irish Committee of Europe at School
Italija
Italian Committee of Europe at School
Latvija
Latvian Committee of Europe at School
Litvanija
Lithuanian Committee of Europe at School
Luksemburg
Comité luxembourgeois de L'Europe à l'Ecole
Malta
Maltese Committee of Europe at School
Holandija
Europees Platform
Norvegia
Norwegian Committee of Europe at School
Polska
Polish Committee of Europe at School
Portugalija
Portuguese Committee of Europe at School
Romanija
Romanian Committee of Europe at School
Slovacka
Slovak Committee of Europe at School
Slovenija
Slovenian Committee of Europe at School
Spanija
Spanish Committee of Europe at School
Sent Petersburg
St. Petersburg Committee of Europe at School
Svajcarija
Comité Suisse de L'Europe à l'Ecole
Turcija
Turkish Committee of Europe at School
Velika Britanija
Central Bureau for Educational Visits and Exchanges
 
Земјите во кои проектот Европа во школо е во фаза на воведување имаат статус на набљудувачи. Тие се:

Makedonija
Macedonian Preparatory Committee of Europe at School
Ukraina
Ukrainian Preparatory Committee of Europe at School
 
Заедничко покровителство
На Европско ниво, активностите на Европа во школо се под заедничко покровителство од страна на Советот на Европа, Европската Комисија Европскиот Парламент и Европската Културна фондација од Амстердам.
 
На национално ниво, Европа во школо во многу земји е под национално покровителство, на пример од соодветниот Министер за Образование или Претседателот на Собрание.
 
Европа во школо учествува во програми, проекти, акции и кампањи на нивните покровители. Ова овозможува заеднички бенефиции преку користење на постоечките инструменти (на пр. Советот на Европските училишта  соработуваа со Албанските училишта; тоа е млада кампања против расизмот, хомофобијата, анти-семитизмот и нетолеранцијата, и активностите на Европската Унија во контекст на Европската Година против Расизмот,итн.).
Европски Комитет
Овој Комитет ги вклучува преставниците на Националните Комитети, Советот на Европа, Европската Комисија, Европскиот Парламент и Европската Културна Фондација.Тој ја формулира основната политика и ги избира темите за Натпреварите секоја година.
Претседателство
Тековно, претседателството го сочинуваат следниве личности: Претседател: Г-ѓа. Дорис ПАК, МЕП; Вице-Претседател: Г-дин. Сузане РОБЕР од Белгискиот  Комитет на Европа во училиште, и Г-ѓа Аурелија СТАСАИТИЕНЕ, Претседник на Литванскиот Комитет.
Координативна единица
Координативната единица се грижи за менаџментот и секојдневните операции на Европа во школо активностите и ја олеснува комуникацијата внатре во мрежата.
 
Координативна единица на Европа во школо
Бацхстр. 32, Д - 53115 Бонн
Тел.: +49-(0)228-729 00 40, Факс: +49-(0)228-729 00 40
е-Меил: еас-цуЖт-онлине.де; Интернет: њњњ.еуропе-ат-сцхоол.орг
Банкарска сметка: 020333100, Деутсцхе Банк Бонн, Банк цоде 38070059, ИБАН: ДЕ71 3807 0059 0020 3331 00
 
 
 

СТРУКТУРА

ТЕЛА

СОДРЖИНА

ЗАДАЧИ

Национални

Комитети:

основни(различни по земји): претставници од образовната власт, наставнички унии, Здруженија на родители,  канцеларии од Европската комисија и ЕП, приватни организации,на пр.Европско Движење;

водење на активности на национално ниво (соопштение за натпреварот, инфо, поставување на жири, набавува награди,..

некои НК: ги предводат Европските собири за млади(ЕСМ)...)

Европски

Комитет:

1 претставник од секој НК+1 претставник од секој покровител(состаноци двапати/годишно)

ја формулира основната политика на активностите,ја зема во обзир националната и Европската образовна политика; избира теми за натпреварите,..

Координантна

Единица:

основана во сегашна форма во 1986 со договор помеќу 3 покровители и Германскиот центар за Европска Едукација, Бон(Д)

менаџмент и секојдневни операции на ЕаС активностите,гарантирање на текот на информации помеѓу сите учесници;контакти со покровителите/промотерите; организирање на ЕСМ во Стразбоург и семинари


Финансирање
Бидејќи главниот дел од активностите се одвиваат на национално ниво и главнината на трошоците се однесува на национално ниво. Основното финансирање е, во повеќето случаи, обезбедено од националните власти, јавните институции и од дополнителни привати извори. Ресурсите за активностите и за координацијата на Европско ниво се обезбедени од страна на Европската Комисија, Европскиот Парламент, Советот на Европа, Националните Комитети, организаторите на Европските собири за млади и други извори, како јавни така и приватни.

4  МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ
 
ИСТОРИЈАТ
 
Европска Куќа Скопје е запозната со проектот Европа во школо на интернационално ниво уште од самото формирање на организацијата. Одтогаш претставува дел од годишниот план за работа. Првите контакти со Европа во школо беа направени со Европска Куќа Загреб. Поради сложеноста на ситуацијата во Македонија во последноте неколку години, нашите приоритети беа сконцентрирани на други прашања, па моравме да го третираме Европа во школо како втор приоритет. Со стабилизација на состојбата во Македонија, заклучивме дека можема да работиме не проектот поактивно. Европска Куќа Скопје беше примена како Македонски Подготвителен Комитет на Европа во школо на 45от Состанок на Европскиот Комитет во Брисел, 8-11 Март 2003. Од тогаш Подготвителниот Комитет е во блиска комуникација и подготовка за реализација на проектот во Македонија.
 
Задачи
 
Задача на Подготвителниот Комитет е да ги подготви сите неопходни услови за формирање на Македонскиот Национален Комитет на Европа во школо и спроведување на пилот натпревар од првата категорија на активности, т.е. натпревар во литература и уметност. За да се оствари планираното, Подготвителниот Комитет ќе започне со интензивна комуникација со релевантните институции, организации и респектирани граѓани.

Досегашни активности
 
Досегашната работа на Подготвителниот Комитет главно се однесуваше на остварување на контакти и промоција на проектот  Европа во школо, подготовка за формирање на Македонскиот Национален Комитет на Европа во школо и подготовка на пилот натпреварот. Поради природата на проектот моравме да обезбедиме мислење од Бирото за развој на образаованието и Одобрение за спроведување на проектот од Министерството за образование. Овие формалности се веќе комплетирани.
 
Следни активности:
 
Формирање на Националниот Комитет
Македонскиот Национален комитет на Европа во школо претставува платформа од претставници на релевантни институции и истакнати граѓани кои учествуваат во активностите предвидени со меѓународниот проект Европа во школо, а во рамките Форумот за образование при Европска Куќа Скопје. Во оваа фаза Националниот комитет по формирањето ќе работи на спроведување на пилот натпреварот, според активностите  кои ќе бидат објаснети подолу.
 
Пилот натпревар
Пилот натпреварот ќе се спроведе во десет средни училишта чии имиња ќе бидат утврдени. Целната група на натпреварот се ученици од И-ИВ година од државните средни училишта утврдени претходно. Учениците ќе се натпреваруваат во две категории и тоа :
натпревар во литература и
- натпревар во ликовна уметност
Учесниците     доброволно се пријавуваат за учество на натпреварот на база на претходно објавен конкурс за учество кој ги дефинира правилата на натпреврот. Деталите околу содржинатана конкурсот и временската рамка на пилот натпреварот ќе бидат дополнително утврдени. Победниците на ниво на средно училиште влегуваат во конкуренција за избор на најдобар труд на национално ниво во секоја од категориите. Финалните победници ќе бидат прогласени на церемонијата за доделување на наградите по повод прославата на 9ти Мај, Денот на Европа.
 
Церемонија за доделување на награди   
На оваа церемонија ќе бидат објавени победниците во двете категории на кои ќе им бидат врачени соодветните награди. Младите автори од категоријата на литературниот натпревар ќе ја пратат својата порака до граѓаните со читање на своите дела. Пригодни обраќања по повод успешно завршување на пилот натпреварот ќе земат истакнати личности од јавниот живот од земјата и странство. Ликовните творби на победниците на училишно ниво ќе бидат изложени во оваа пригода и на свој начин ќе ја пренесат идејата за обединаета Европа.
 
Долгорочни активности
Со започнувањето на учебната 2004/05 година Македонскиот Национален Комитет ќе отпочне со спроведување на проектот на Европа во школо на годишна основа во согласност со врменската рамка на проектот пропишана од Европскиот Комитет на Европа во школо. Формите на учество и нивниот интензитет ќе биде утврден од Националниот комитет. 

 

Comments

Popular posts from this blog

Decentralising Structural Funds' management to the regional level

Information/communication – lessons learned in Sweden

Small Business Ideas