Posts

Showing posts from October, 2022

Europe at School - Towards European Citizenship Education

Image

Крајот на вистинските социјални мрежи

  Дарон Ацемоглу   Не само што милијарди луѓе ширум светот се залепени за своите мобилни телефони, туку и информациите што ги консумираат драстично се променија, и тоа не на подобро. На доминантните платформи за социјални медиуми, како Фејсбук, истражувачите документираа дека невистините се шират побрзо и пошироко од слична содржина која вклучува точни информации. Иако корисниците не бараат дезинформации, алгоритмите кои одредуваат што гледаат луѓето имаат тенденција да фаворизираат сензационални, неточни и погрешни содржини, бидејќи тоа е она што генерира „ангажман“, а со тоа и приходи од реклами. Како што забележа интернет активистот Ели Парисер во 2011 година, Фејсбук, исто така, создава така наречени „филтер меурчиња“ (состојба на интелектуална изолација која може да произлезе од персонализирани пребарувања, кога алгоритам на веб-локација селективно погодува кои информации корисникот би сакал да ги види), при што поголема е веројатноста на поединците да им се претстават содрж