Posts

Showing posts from October, 2000

Локални избори 2000 (C4C)

  Граѓаните на Република Македонија на изборите на 10 и 24. Септември во два изборни круга на локалните избори, како и на прегласувањето што се одржа на 8 Октомври, бираа претставници за градоначалници и советници во Р. Македонија на околу   2973 избирачки места во земјата. Ова беа трети по ред локални избори по осамостојувањето на Република Македонија. Р. Македонија е поделена на 123 (општини) и градот Скопје, во пописите за избирачи беа запишани 1.634.863, избирачи со   право на глас. Изборите ги надгледуваа околу 200 меѓународни набљудувачи и околу 1700 домашни набљудувачи координирани и организирани од страна на невладини организации и граѓански иницијативи, од кои 1700 беа акредитирани од страна на Државна изборна комисија.                    ВОВЕД Локалните избори во Македонија ги надгледуваа 1700 набљудувачи организирани од страна на Коалиција од невладини организации “Граѓани за Граѓаните” . Набљудувачите беа координирани од 16 регионални канцеларии на и околу сто моби