МИКРОФИНАНСИРАЊЕ
Кога на македонскиот пазар се појавија компаниите кои се занимаваат со микрофинансирање, или кај нас познати како компании за брзи кредити, во јавноста беа пречекани со голема доза на скептичност и недоверба. Македонскиот потрошувач на кредити беше навикнат на користење на класичните банкарски производи (потрошувачки кредит, кредитни картички, револвинг кредити и дозволено пречекорување), во јавноста се наметна став за неефективноста на производите поради нивните високи трошоци и истите беа атрактивни само за одредена група на клиенти за кои немаше втора опција. Донекаде таквите ставови се оправдани ако се земе во предвид маркетинг стратегијата и реалните високи трошоци изразени преку СВТ во % (стапка на вкупни трошоци над 40%). Од друга страна, истите се регулирани од страна на министерството за финансии(за разлика од банкарскиот сектор кој е регулиран од централната банка). Во едно такво опкружување и досегашното искуство од првите неколку години на функционирање се поголеми се диску