Европските пари ни се лизгаат низ рака
Од Сашо Таневски Нестручност или неажурност при аплицирањето пред европските фондови Државата пропушта и не успева да дојде до многу европски фондови најмногу поради неажурноста на институциите, но и недоволната стручност да се изготват издржани проекти што Европа ќе ги финансира, а бенефиции од тоа ќе имаат македонските граѓани. Потврда за тоа е последниот пропуст што го направи Македонија останувајќи без едно евро од солидарниот фонд за здравство на Европската Унија оти навреме не аплицирала, иако објаснувањето од Секретаријатот за европски прашања е дека земјава не ги исполнувала критериумите за ваква помош бидејќи добро ја менаџирала ковид-кризата и поради тоа не ѝ следувале европски пари. Од друга страна, 17 земји-членки, но и три земји-кандидати, Албанија, Србија и Црна Гора, ќе поделат вкупно 530 милиони евра, што во голема мера ќе значи помош за нивните здравствени системи. Очигледно практиките да се пропуштаат важни европски пари стануваат секојдневие, па наместо...