ПАРИ“ ГИ АНАЛИЗИРА БУЏЕТИТЕ: ПРЕД 10 ГОДИНИ ИМАВМЕ ЗА ТРОШЕЊЕ 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, В ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ 4,4 МИЛИЈАРДИ
Време зa читање: 4 минутиПред 10 години Буџетот тежел 2,4 милјарда евра на приходната страна и 2,6 милијарди евра на расходната страна. Предлог-буџетот за 2022 година е во собраниска процедура, а на хартија е испишано дека ќе се соберат 3,8 милијарда евра приходи и дека ќе се потрошат 4,4 милијарди евра. „Пари“ анализираше што е заедничко, а што различно на новиот со буџетите од претходните години. Заклучок е дека во последните години социјалните трансфери се половина од расходите, но дека порано имале помал удел, дека буџетските дефицити имале тренд на намалување од 2017 година, но дека короната тој тренд „сурово“ го прекинала со екстремен раст на дефицитот, дека износот на платите како бројка се зголемувал, но дека како процентуален удел во расходите се намалува. ДРАСТИЧЕН СКОК НА КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ Она што овој буџет го разликува во однос на претходните, според изјавите на министерот за финансии Фатмир Бесими е висината на капиталните расходи. Тие се планирани...